Индија
Пронајдена „црната кутија“ од авионот на Ер-Индија што се урна во Ахмедабад
14.06.2025 14:08
„Црната кутија“ од паднатиот авион на Ер-Индија пронајдена на покрив во близина на местото на несреќата...

„Црната кутија“ од паднатиот авион на Ер-Индија пронајдена на покрив во близина на местото на несреќата. Се очекува таа да даде многу одговори на прашањата зошто се случи една од најтешките авионски несреќи во историјата на Индија.
Министерот за цивилно воздухопловство истакна дека пронаоѓањето на уредот е значаен чекор напред. Како дополнителна мерка на претпазливост, индиската Агенција за цивилно воздухопловство и нареди на Ер-Индија да изврши дополнителни инспекции на сите свои Боинг авиони. Проверки ќе се вршат на системот за гориво, контрола на моторите, хидрауличниот систем и параметрите при полетување.
