Македонија

Мицкоски: Има предлог-термин за средба, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна

14.06.2025 14:17

Од официјална Софија зависи дали ќе има средба меѓу претседателката Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Жељасков на маргините на самитот на НАТО во Хаг, што ќе се одржи на 24-ти и 25-ти месецов. Претседателот на Владата, Мицкоски, вели дека комуникацијата со Брисел е секојдневна. Потврди дека предлог-термин за средба има, се чека одговор од источниот сосед...

Од официјална Софија зависи дали ќе има средба меѓу претседателката Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Жељасков на маргините на самитот на НАТО во Хаг, што ќе се одржи на 24-ти и 25-ти месецов. Претседателот на Владата, Мицкоски, вели дека комуникацијата со Брисел е секојдневна. Потврди дека предлог-термин за средба има, се чека одговор од источниот сосед.

Претседателката Сиљановска - Давкова ќе ја предводи македонската делегација на јунскиот самит на НАТО во Хаг. Најавено беше присуството и на нејзиниот бугарски колега Радев, но сепак, предводник на бугарската делегација ќе биде премиерот Жељасков.

Шефицата на државава потврди дека е подготвена за средба, но, како што вели, тоа е предлог на претседателот на Европската комисија, Антонио Кошта.

Претходно и еврокомесарката за проширување Марта Кос се понуди да биде олеснувач во спорот со Бугарија, но како и Кошта, а пред тоа и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, потенцираше дека земјава мора да го промени Уставот за да ги почне пристапните преговорите со Европската унија, а Скопје и Софија да ги интензивираат разговорите.

Викторија Милевска