Владата будно ја следи состојбата со цените, се планираат нови мерки
Состојбата со цените под будно око на власта. Се планира носење на нови мерки, најави премиерот Мицкоски. Ќе се преземаат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците...

Состојбата со цените под будно око на власта. Се планира носење на нови мерки, најави премиерот Мицкоски. Ќе се преземаат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците. Тој најави дека владата ќе го разгледа извештајот на Државниот пазарен инспекторат што го изготви за состојбата со цените по завршувањето на владините мерки, по што ќе излезе со став во јавноста.
Според министерот за економија, Дурмиши, засега нема драстично покачување на цените на прехранбените производи.
Околу растот на цените во маркетите и на пазарите меѓу кои и на црешите, според владата нивната цена е висока поради временските состојби, а се очекува, како што велат, истото да се случи и со јаболката.
Ана Јосифовска
