САД

Демократска конгресменка и нејзиниот сопруг убиени во САД, идентификуван убиецот

15.06.2025 09:54

ФБИ сè уште трага по 57-годишниот Венс Боелтер, осомничен за пукањето врз двајца државни демократски пратеници од Минесота и нивните сопружници. Тој првично ја уби истакнатата политичарка Мелиса Хортман заедно со нејзиниот сопруг во нивниот дом, а потоа продолжил во домот на државниот сенатор Џон Хофман ...

ФБИ сè уште трага по 57-годишниот Венс Боелтер, осомничен за пукањето врз двајца државни демократски пратеници од Минесота и нивните сопружници. Тој првично ја уби истакнатата политичарка Мелиса Хортман заедно со нејзиниот сопруг во нивниот дом, а потоа продолжил во домот на државниот сенатор Џон Хофман кој заедно со сопругата го преживеаа нападот. Полицијата соопшти дека најверојатно се работи за политички мотивиран атентат, откако во неговиот автомобил бил пронајден список на жртви со речиси 70 различни цели, вклучувајќи и даватели на услуги за абортус. Боелтер е поранешен помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц. Нападите се апсолутно ужасни-оцени Трамп.

„Постојат некои индикации за политички мотивиран атентат, но недоволно. Ова е многу активна истрага и сè уште се собираат документи и информации. Затоа, би било прерано во овој момент да кажам точно каква би можела да биде мотивацијата, но ќе продолжиме да работиме да ги обезбедиме тие информации“, изјави Дру Еванс, началник на бирото за криминално апсење на Минесота.