Руско - украински конфликт

Украинскиот фронт и натаму гори, продолжуваат нападите на двете страни

15.06.2025 10:29

Нови смртоносни руски удари во Херсон, соборени украински дронови над Русија. Наспроти борбите, нова размена на воени заробеници...

Украинскиот фронт и натаму гори. Нападите на двете страни продолжуваат. Нови смртоносни руски удари во Херсон, соборени украински дронови над Русија. Наспроти борбите, нова размена на воени заробеници. 1.200 тела вратени во Киев. Путин подготвен да ги продолжи разговорите со Украина по 2-ри јуни, потврдија од Кремљ по телефонскиот разговор со Трамп. Зеленски во консултација со својот тим.

„Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со украинците како што е договорено, по 22 јуни. Трамп ја забележа оваа информација и повторно го истакна интересот за брзо завршување на руско-украинскиот конфликт“, изјави Јуриј Ушаков, советник за надворешни работи на Путин.

„Планираме да ги продолжиме размените следната недела, барем така е договорот. Се надеваме дека руската страна ќе го исполни својот дел од обврските и ќе го стори она што е договорено. Разговарав со министерот за одбрана Умеров за размените и за можноста за понатамошни дипломатски чекори и што точно треба да се обезбеди за процесот на преговори“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.