Инфраструктура

Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

15.06.2025 12:14

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски и директорот на државни патишта Трајановски извршија вонреден надзор за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот...

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски и директорот на државни патишта Трајановски извршија вонреден надзор за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот.

Исто така, беше утврдено дека наследените проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет, согласно планираната динамика.

Целта е до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид, со еден мал прекин кај населеното место Ботун, каде се работи на санација на свлечиште. Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крајот на 2026 година и да се пушти во употреба.