МНР

МНР нуди помош на сите македонски граѓани во Израел и Иран

15.06.2025 15:10

Вкупно 22-ца македонски државјани побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање, информираа од МНР...

Вкупно 22-ца македонски државјани побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање, информираа од МНР.

Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а министерството за надворешни активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.

Од МНР упатија итен апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт преку дежурните СОС телефонски броеви.

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, е формиран кризен штаб кој постојано ја следи ситуацијата и е на располагање 24 часа за потребите на македонските граѓани.