Украина
Продолжува војната во Украина
16.06.2025 10:26
Пожар избувна во индустриско претпријатие во Запорожје на југоистокот...

Војната во Украина продолжува. Генералштабот на украинските сили соопшти дека поголемиот дел од нападите биле извршени во секторот Покровск, а борбите сè уште се во тек во некои области. Пожар избувна во индустриско претпријатие во Запорожје на југоистокот. Според извештаите, погодена е руска фабрика за беспилотни летала во Татарстан. Украинскиот претседател ја обвини Москва за продолжување на војната.
Зеленски е еден од гостите на Самитот на Г 7 во Канада каде се очекува да се сретне со американскиот претседател Трамп.
