МНР

Македонци бараат помош за евакуација од Израел

16.06.2025 09:35

Од Министерството упатија итен апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт преку дежурните СОС телефонски броеви.

Дваесет и двајца македонски државјани побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање, информираа од МНР.

Од Министерството упатија итен апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт преку дежурните СОС телефонски броеви.

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот исток, е формиран кризен штаб кој постојано ја следи ситуацијата и е на располагање 24 часа за потребите на македонските граѓани.