Ѓоковиќ сака да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес

16.06.2025 10:01

Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ е победник на 24 гренд слем турнири и има освоено 100 титули на АТП во поединечна конкуренција и една во двојки во својата кариера.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека си поставил цел да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Единственото нешто за кое размислувам во моментов и единственото нешто што ме мотивира се Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Го сакам тенисот и сè уште сакам да фаќам рекет. Сè уште постои тоа дете во мене кое се заљуби во тенисот. Да ја немав таа страст и таа желба да се натпреварувам, немаше да продолжам. Но, сакам да излегувам на теренот со рекет во рацете и да победувам. Тој оган сè уште гори во мене, изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.

Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ е победник на 24 гренд слем турнири и има освоено 100 титули на АТП во поединечна конкуренција и една во двојки во својата кариера.

Србинот има и злато од Олимписките игри во Париз во 2024 година и бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.