Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд во скок со стап
16.06.2025 10:05
За Дуплантис, кој е двократен олимписки шампион, овој светски рекорд беше 12. во неговата кариера.
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го сруши светскиот рекорд во скок со стап. На домашен терен, во натпревар од Дијамантската лига, во Стокхолм, атлетичарот скокна 6 метри и 28 сантиметри.
За Дуплантис, кој е двократен олимписки шампион, овој светски рекорд беше 12. во неговата кариера.
Тој го постави претходниот светски рекорд (6,27 м) во март на натпреварот во Клермон (Франција).
