Штип

Лоша година за лозарите

16.08.2014 16:34

Лоша година за лозарите, но и за откупувачите на грозје. Болести го дестекуваа родот на грозјето, а она малку што се роди е со лош квалитет. Винарите во неизвесност дали ќе ги обезбедат потребните количества на за преработка.

Само малку лозари од источна Македонија годинава се подготвуваат за берба. Обилните дождови и болестите предвреме го обра грозјето.

„Нема никаков род, ништо не остан. Дури и листот на лозата се исуши“, истакна лозар од с. Три Чешми, Штипско.

„Состојбата во моето лозје е катастрофална. Никогаш не било полошо. Пет пати, прскав, четири пати орав и пак се појавија болести. Имам 9,5 декари, од нив дали ќе наберам 1.000 килограми. Порано продавав по 12 тоан и оставав грозје и за мене. Лани ме погоди град и пак продадов 3 тона, годинава е катастрофа“, вели друг лозар од истото село.

Во Регионот под лозови насади се околу 1.000 ХА од кои во просек се берат околу 10-12.000 тони грозје, но годинава прашање е дали ќе се наберат околу 5.000 тони.

Ова автоматски значи проблем и за преработувачите на вино , кои вака лоша, но и мала понуда немале одамна. Дали ссостојбата ќе им ги смени плановите:

„Имаме доволно сопствени лозови насади и очекуваме мал откуп. Планираме да преработиме околу 5 милиони килограми грозје, главно од сопствено производство, а дел од постојаните кооперанти. Се надеваме дека, сепак, на крајот ќе има добра берба“ изјави Вито Митров, генерален директор на штипска винарија.

Вообичаено, трите винарии од источна Македонија, годишно извезуваа околу 20 милиони литри вино, главно во земјите од Европската унија. Годинава, овие количества  ќе бидат преполовени, зашто освен малата понуда, една од винариите поради неизмирени обврски кон лозарите, нема право на откуп.

Лошата година, лозарите се обидувата да ја амортизираат со барање за повисока откупна цена на грозјето и тоа 11 до 13 денари за килограм „смедеревка“ и 13 до 15 денари за сортата „вранец“ . Од друга страна, преработувачите инсистираат на минатогодишната откупна цена.

Оливера Жежова