Одбрана

Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција за војување на копнените сили (Land Warfare Conference – LWC) во Лондон

16.06.2025 11:14

Пред почетокот на конференцијата, генералот Лафчиски ќе оствари средба со Заменик началникот за Штабот за Одбрана на ВС на ОК, воздухопловниот маршал Харви Смит, како и со тимот одговорен за креирање на Стратегискиот Одбранбен Преглед на Обединетото Кралство...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневна Конференција за војување на копнените сили (Land Warfare Conference – LWC) во Лондон. За време на конференцијата ќе се образложуваат, анализираат и дискутираат теми од современото војување и други теми важни за современиот начин на војување на Вооружените Сили (ВС) на ОК, но и на сојузниците и партнерите на НАТО.

Пред почетокот на конференцијата, генералот Лафчиски ќе оствари средба со Заменик началникот за Штабот за Одбрана на ВС на ОК, воздухопловниот маршал Харви Смит, како и со тимот одговорен за креирање на Стратегискиот Одбранбен Преглед на Обединетото Кралство.

За време на дводневната посета, началникот на Генералштабот ќе ја посети и Кралската Воена Академија во Сандхрст, каде ќе оствари средба со командантот на академијата, со цел потврдување на досегашната плодна соработка, како и идното школување на офицери од Армијата.