Се промовираат мерките за самовработување на младите невработени лица
Над 3.200 лица до денес аплицирале за мерката за која државата издвоила рекордни 2,5 милијарди денари. Невработените може да аплицираат и добијат помош до 7 и 10 илјади евра. Овие мерки денес беа претставени во Велес …

До петок, крајов на неделава младите невработени лица, можат да аплицираат за мерката за самовработување која е најатрактивна за оваа категорија невработени лица. Таа опфаќа 16,5 илјади лица кои редовно се пријавуваат во Агенцијата за вработување.
До денес за неа аплицирале над три илјади и двеста лица а во Велес 90-тина. Тие можат да користат неповратна помош од седум и десет илјади евра.
Државата за реализација на програмата за самовработување ставила на располагање рекордни средства од 2,5 милијарди денари.
Со лично претставување на овие мерки до невработените, што изминатите денови се случува низ земјата, надлежните сакаат да ги приближат до јавност.
Петар Печков
