Велика Британија

Првпат жена на чело на МИ6

16.06.2025 18:04

Метревели, која се приклучи на МИ6 во 1999 година, моментално раководи со одделот за технологија и иновации...

Блејз Метревели ќе стане првата жена на чело на британската разузнавачка служба МИ6 во нејзината 116-годишна историја. Таа ќе го наследи сегашниот директор, сер Ричард Мур, подоцна годинава.

Метревели, која се приклучи на МИ6 во 1999 година, моментално раководи со одделот за технологија и иновации и има задача да развива методи за заштита од биометриски надзор. Таа изјави дека е „горда и почестена“ од назначувањето.

Британскиот премиер Кир Стармер го нарече потегот историски. МИ6 е одговорна за разузнавање во странство и заштита на британската безбедност, со фокус на борба против тероризмот и кибер-закани.