Мала Преспа

Откриена спомен биста на писателот Стерјо Спасе

16.08.2014 16:53

Сто годишнината од раѓањето на македонскиот писател Стерјо Спасе од Мала Преспа ги собра во Глобочани Македонците од земјава и од Албанија кои се присетија на значењето на првиот роман на албански јазик напишан од Македонец. Ќе се настојува неговите дела да бидат преведени на македонски јазик.

Кога се споменува името на Стерјо Спасе, мислите на Македонците во Албанија, се враќаат на далечните 30 ти години од минатиот век, кога на сцена на Албанската литература се појави првиот роман на албански јазик, напишан од 20 годишниот Стерјо, токму тој Македонецот Стерјо, го напиша првиот Албански роман, кој беше прифатен од Европа и Светот, токму затоа што третираше една тема од современиот  живот, напишан на перфектен мајсторски начин, истакна во своето излагање на свеченоста по повод 100 годишнината од раѓањето на овој значаен писател, градоначалникот на општина Пустец, Едмон Темелко.

„Деше достоен Македонец и автор на повеќе дела вградени во албанската литература како значаен придонес на Македонците во лабанското општество“, рече Едмон Темелко.

Стерјо Спасе напиша голем број на романи, новели, раскази и други литературни дела со кои се гордееше Албанија, Мала Преспа неговото родно село Глобочани, како и неговото семејство. Ќе биде од огромно значење делата на овој голем Македонски писател, бидат преведени на македонски јазик и стручно научно обработени.

„Во архивот на институтот за фолклор во Тирана во картотеката го видов фондот од народни песни што ги запишал Стерјо Спасе, кои сеуште не се научно обработени и побликувани“, рече академик Блаже Ристовски.

По повод сто годишнината од раѓањето на Стерјо Спасе, во неговото родно село Глобочани беше откриена спомен биста и се оддржа фолклорен фестивал на македонски песни и ора.

Сандре Темелковски