Собрание

Собранието ќе ја одржи 53. седница

17.06.2025 09:09

На дневен ред на седницата се Предлог на законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање, предложен од пратеници од СДСМ, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, прво читање, Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2026 – 2030 година...

Собранието денеска треба да одржи продолжение на 53-та седница со расправа по неколку предлог закони, меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се Предлог на законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање, предложен од пратеници од СДСМ, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, прво читање, Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2026 – 2030 година.

На продолжението на 53-та седница пратениците треба да дебатираат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, второ читање.