Руско - украински конфликт

Жртви и повредени по рускиот воздушен напад врз Киев во текот на ноќта

17.06.2025 09:10

Жртви и повредени во Киев како резултат на комбиниран руски воздушен напад во текот на ноќта. Беспилотни летала и балистички проектили погодија станбени области во неколку региони. Украина една од темите и на самитот на Г 7 во Канада...

Жртви и повредени во Киев како резултат на комбиниран руски воздушен напад во текот на ноќта. Беспилотни летала и балистички проектили погодија станбени области во неколку региони.

И руските системи за противвоздушна одбрана соборија речиси 150 украински беспилотни летала.

Украина една од темите и на самитот на Г 7 во Канада. Зеленски требаше да се сретне со Трамп, но шефот на Белата Куќа го напушти самитот порано поради состојбата на Блискиот исток.

Францускиот претседател изјави дека добил позитивен одговор од американскиот колега во врска со предлог-законот за санкции против Русија што се предлага од американскиот Сенат. Макрон рече дека санкциите, кои се слични со претстојната серија санкции што ќе ги донесе ЕУ, се скроени да ја ослабат економијата на Русија и да го убедат Путин да се врати на преговорите за прекин на огнот.