Велика Британија и САД го финализираа спроведувањето на трговскиот договор договорен изминатиот месец
Лондон избегна повисоки царини за челик и алуминиум што САД ги наметнаа на други земји...

Велика Британија и САД го финализираа спроведувањето на трговскиот договор договорен изминатиот месец. Лондон избегна повисоки царини за челик и алуминиум што САД ги наметнаа на други земји.
Потегот доаѓа по неколку недели разговори со кои британската влада очекува дека ќе ги заштити британските бизниси од влијанието на царините на Трамп. Сепак сè уште се водат разговори за тоа дали царините за челик ќе бидат намалени на нула како што е планирано во привремениот договор.
Трамп и Стармер изминатиот месец објавија дека постигнале спогодба со која ќе се намалат увозните даноци на британски автомобили, челик и алуминиум, во замена за поголем пристап до британскиот пазар за американски производи. Шефот на Белата куќа вели дека Велика Британија е „многу добро заштитена“, затоа што му се допаѓа.
