Седум години од потпишување на Преспанскиот договор
На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици, на брегот на Преспанско езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете држави...

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици, на брегот на Преспанско езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете држави.
Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција.
На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, но секогаш завршуваа без заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017-та година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат договорот.
