Ќе се казнува неовластено тргување со хартии од вредност преку Интернет

16.08.2014 17:07

Надлежните институции ќе ги казнуваат физичките лица кои на странски пазари тргуваат со хартии од вредност. На интернет се забележани голем број на платформи со понуди кои ветуваат добра и брза заработка.

Ризикот е голем, а вложувачите можат да дојдат до големи загуби рече министерот Ставрески и апелираше до граѓаните да не наседнуваат на овие повици и да бидат внимателни при изборот на компанијата со која ќе тргуваат. Законот за девизно работење предвидува казни од 1500 до 3000 евра за физичките лица кои ќе тргуваат со хартии од вредност во странство.