Самит во Тирана
Средба Сиљановска Давкова - Радев во Тирана
17.06.2025 10:24
Бугарија нема да постави дополнителни услови за европскиот пат на Македонија, надвор од договорот, тврди бугарскиот претседател Румен Радев...

Бугарија нема да постави дополнителни услови за европскиот пат на Македонија, надвор од договорот, тврди бугарскиот претседател Румен Радев. Не открива дали на самитот на НАТО во Хаг ќе се оствари средба меѓу македонската претседателка и бугарскиот премиер. Сиљановска-Давкова, пак, посочи дека верува во регионалното единство и повикува на јасен, силен, единствен глас што ќе ја обликува нашата заедничка иднина во Европа.
Милчо Велески известува од самитот во Тирана.
