Македонија

Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

17.06.2025 10:49

Владата обезбеди 50 милиони денари за 1.570 стипендии наменети за ученици што ќе се запишат во дуалните паралелки во учебната 2025-2026 година. Секоја стипендија изнесува 3.500 денари месечно и ќе се исплаќа во текот на девет месеци...

Владата обезбеди 50 милиони денари за 1.570 стипендии наменети за ученици што ќе се запишат во дуалните паралелки во учебната 2025-2026 година. Секоја стипендија изнесува 3.500 денари месечно и ќе се исплаќа во текот на девет месеци.

Мерката е дел од напорите за унапредување на квалитетот на средното стручно образование и е насочена кон намалување на невработеноста и зголемување на практичните вештини кај младите, а во обуката ќе бидат вклучени 550 компании од реалниот сектор.

„Создаваме кадри што ќе бидат подготвени за пазарот на труд, со што директно ја намалуваме невработеноста и ги охрабруваме младите да ја градат својата иднина во Македонија“, се наведува во владиното соопштение.