Марш на црвените чадори

17.12.2013 15:11

Сексуалните работнички со црвени чадори ги побараа своите права. Стриптизерки и стриптизери, масерки, ескорт дами, хот лајн операторки, активисти за човекови права и нивни поддржувачи маршираа напладне со отворени црвени чадори  од улица Македонија до плоштадот на влезот на Старата скопска чаршија. Граѓанската иницијатива за унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Македонија, годинава уште еднаш се приклучи кон глобалната кампања за одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилството. 