Политика

Мицкоски: Да ги видиме на дело потезите на Софија

17.06.2025 13:33

Софија нема да постави ново вето-тврди бугарскиот премиер Радев. Колку македонскиот државен врв е убеден?

Тоа што го зборуваат претставниците на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат. На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП, АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го зборуваат да го покажат и на дело“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот изрази очекување Софија да ја прифати средбата во рамки на состанокот на НАТО во Хаг, и како што истакна, да се разговара и за коридорот 8, да биде и тоа приоритет кај нашиот источен сосед.

Известува Миле А. Ристески