Реакции по изјавата на Радев

Наместо зборови, Софија да покаже со дела

17.06.2025 15:47

Тоа што го зборуваат претставниците на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг...

Бугарија веднаш може добрососедството да го покаже со средба меѓу македонската претседателка Сиљановска-Давкова и премиерот Жељасков, но и да ги активираат активностите на Коридорот 8 – посочува премиерот Мицкоски по изјавата на бугарскиот претседател Радев дека добрососедството треба да се развива и дека нема да има вето за прием на Македонија во ЕУ, по внесување на Бугарите во Уставот.

Коалицискиот партнер на Мицкоски, лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски вели-не смееме сами да се понижуваме. Македонија направи многу отстапки до сега.

Бугарскиот претседател Радев порача дека ќе нема нови условувања кон земјава по уставните измени, но сака да види и дека во Македонија се почитуваат човековите права.

Миле А. Ристески