Жителите на Тел Авив во скривници, сирени за напади на секој час
Најави за напади на секој час. Сирените за тревога го запираат здивот на жителите на Тел Авив. Скриени во скривници чекаат да видат светло. Активистката Рашел Шели Драмер за МТВ ја опишува моменталната ситуација во Израел…

Израел живее под постојани тревоги и ракетни удари кои уништуваат објекти, животи, сè. Нашата соговорничка, активистката Рашел Шели Драмер, ни раскажа колку безгрижноста во живиот и разигран град Тел Авив се претвори во празнина и тага. Вели-добивме директива да се седи дома, блиску до скривниците, кои ги имаме насекаде во вид на безбедни соби, училишта, речиси насекаде. Но, ништо друго не функционира.
Иранските ракети носат експлозив од пола тон, со силна разорна моќ се и можат да уништат цели згради. Оние кои останале дома се станари во новите згради, каде во самите станови има бетонски засолништа, раскажува Шели.
Порано дури бевме пријатели со Иран, но прашање е зошто сегашниот режим толку сака да го уништи Израел и заради тоа, вели Шели, со години развива нуклеарна програма. Ние сме мала земја дури и не граничиме-меѓу нас се Јордан, Сирија, Ирак. Доколку Иран испука еден нуклеарен проектил за миг ќе нè снема, затоа ние се браниме и ќе се браниме. Но, Шели и нејзините сонародници, сепак сакаат крај на овој ужас.
Фиљана Кока
