Општиот претрес на Предлог-измените на Изборниот законик е завршен, се чека термин за гласање
Предлог-измените на Изборниот законик со кој се пополнува празнината, по одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од законот за бројот на потписите за независните кандидати на агендата, на собраниската седница. Општиот претрес по законот е завршен, а за гласањето ќе се определи дополнителен термин...

Предлог-измените на Изборниот законик со кој се пополнува празнината, по одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од законот за бројот на потписите за независните кандидати на агендата, на собраниската седница. Општиот претрес по законот е завршен, а за гласањето ќе се определи дополнителен термин.
Од опозициските партии ДУИ и Левица се категорично против, зашто не биле прифатени препораките на ОБСЕ, немало јавна дебата, а според нив е недозволиво и четири месеци пред избори да се менува законодавството.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од суштинска важност е да се донесат измените за да бидат вклучени независните и граѓанските организации во изборниот процес.
За предлог-законот поддршка дадоа и пратеничките групи на СДСМ, Влен и ЗНАМ.
Игор Панов
