Ин Мемориам

Почина Владимир Лапе, поранешен долгогодишен истакнат новинар и уредник во Македонската телевизија

17.06.2025 16:52

Низ целиот работен век од 1970-та до пензионирањето во 2010-та, работеше во јавниот сервис, минувајќи низ сите професионални скалила во професијата – новинар, коментатор, уредник во Редакцијата за надворешна политика...

Во 79-та година од животот, почина Владимир Лапе, поранешен долгогодишен истакнат новинар и уредник во Македонската телевизија. Низ целиот работен век од 1970-та до пензионирањето во 2010-та, работеше во јавниот сервис, минувајќи низ сите професионални скалила во професијата – новинар, коментатор, уредник во Редакцијата за надворешна политика. Во кариерата известуваше за најзначајните надворешно-политички настани за Македонија, вклучувајќи го и приемот на земјава во Обединетите нации во 1993 година.

Погребот ќе биде извршен утре од 12 часот, на градските гробишта Бутел во Скопје.