Кулминираше атмосферата на Струмица опен фест

16.08.2014 17:40

Дваесетина илјади посетители на градскиот плоштад ја проследија првата од трите концертни вечери на Струмица опен фестивалот...

Шестчасовна забава во срцето на Струмица. Дваесетина илјади посетители на градскиот плоштад ја проследија првата од трите концертни вечери на Струмица опен фестивалот. Атмосферата ја загреаја младите струмички таленти, потоа Тајзи, Бајага и инструктори, а после полноќ кулминацијата ја донесе најпопуларниот македонски ди џеј Кирил Џајковски.

Посетителите задоволни од Струмица опен фест, и музичките имиња кои годинава ќе застанат на големата сцена.

„Многу добро, нема што да кажам.“

„Фантастично.“

„Супер, многу убаво“, велат анкетираните посетители.

Струмица, струмичани и гостите од регионот и надвор се одлична публика. Ова се импресиите на дел од музичките имиња кои воспоставија вистински флуид со гостите.

„Ја сочекував добар настап и ова е еден од подобрите настапи во мојот живот“, рече Тејзи, музичар.

„Многу ми е драго што сум во Струмица, можам да кажам дека ова можебие ми е триесети пат што сум тука. Посебно се радувам што Струмица во југоистокот на Македонија има ваков квалитетен фестивал на којшто настапуваат имиња како Кирил Џајковски, мојот пријател Здравко Чолиќ па и ние“, рече Момчило Бајагиќ- Бајага.

Вечерва меѓу другите настапуваат Драган Мијалковски, Бени нон стоп, Амадеус и Сарс. Утревечер Струмица опен фест ќе го заврши балканската ѕвезда Здравко Чолиќ.

Катерина Давчева