Осуммина македонски државјани се вратија од Израел
Другите 20-на ќе чекаат воспоставување на редовна авионска линија...

Осум македонски државјани, меѓу нив и деца, безбедно се вратија во земјава. Прво по копнен пат со часови патуваа до Египет, а потоа со владиниот авион до Скопје. Останатите дваесетина нашинци ќе чекаат воспоставување на авионската линија од израелскиот аеродром.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција нашата земја се вбројува меѓу првите во Европа кои организираа и реализираа безбедно враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.
Министерството, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, останува во континуирана комуникација со останатите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел. За сите прашања и конзуларна поддршка, на располагање се дежурните телефонски броеви.
