Временска прогноза
Сончево и топло со мала локална облачност
18.06.2025 08:06
Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе достигне 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
