Кривичен Суд

Во Кривичен ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче

18.06.2025 08:09

Во Кривичниот суд ново рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на пензионерот од Велес, Панче Жежовски, со завршен збор на одбраната. Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворица обвинети за свирепите убиства...

Во Кривичниот суд ново рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на пензионерот од Велес, Панче Жежовски, со завршен збор на одбраната. Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворица обвинети за свирепите убиства. Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, посочи Обвинителството, додавајќи дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“.

Петмината обвинети, меѓу кои е и таткото на Вања на почетокот од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес. Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 24-ти и 27-ми ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.