Пуштена во употреба нова лента на патот Валандово-Струмица
Заврши изградбата на дополнителна трета лента во должина од 500 метри на патот Валандово-Струмица, на валндовско брдо. Со постоечката лента за спори возила во должина од 140 метри и дополнителните половина километар, се доби нова лента во должина од 640 метри и ширина од 3 метри. Претходно минатата година беше асфалтиран патот во должина од 4 километри, уреден со банкини, четри места за разминување, еластична одбојна ограда, нови знаци и патокази. Потрошени се околу 30 милиони денари.
Надлежните велат дека се подобрува безбедноста на сообраќајот и подобриот проток на возила.

„Минатата година кога завршивме финансиската конструкција изнесуваше некаде околу 25 милиони денари, оваа година со проширувањето на околу уште 500 метри на додатните 450 метри и оние 4 километри, се уште 4,5 милиони денари. Секако и наредната година планираме да продолжиме со ова темпо, во меѓувреме стручните служби од јавното претпријатие и стручниот надзор веќе лоцираа две-три црни точки и се надевам дека и наредната година, како и оваа, ќе зборуваме за доплнително проширување и намалување на оние опасни кривини и намалување на брзината“, рече Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за државни патишта.
„Овој пат на кошто денеска стоиме и овие проширувања коишто ги гледаме ќе претставуваат безбедност во движењето на граѓаните од Штип, Радовиш, Конче, Ново Село, Босилево, Василево, Дојран, Богданци, движејќи се кон Дојран, бидејќи тоа е тоа е трустичко место кое ги врзува овие градови од југоисточниот плански регион. Што значи дека некаде околу 200 илјади луѓе безбедно ќе се движат“, рече Николче Чурлинов, градоначалник на Валандово.
Катерина Давчева