Руско - украински конфликт

21 жртва во вчерашното руско гранатирање

18.06.2025 10:06

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека нападот е еден од најтешките од почетокот на војната и дека Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети...

Во вчерашното гранатирање потврдени 21 жртва и над 130 повредени. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека нападот е еден од најтешките од почетокот на војната и дека Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети. САД ја потврдија смртта на еден американски државјанин.

По ЕУ, Велика Британија, Канада, и Австралија за прв пат воведе санкции врз 60 бродови од руската флота во сенка.

На самитот на Г 7 САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела осуда за Русија. Вашингтон уверува дека сакаат да ја зачуваат способноста за преговори со Русија.