Зголемен бројот на патниците на аеродромот „Александар Велики“

16.08.2014 18:09

Авиобизнисот бележи мини бум- вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој со министерот за економија Мезири беа во посета на аеродромот „Александар Велики“ и во делот за навигација...

Современ аеродром, зголемени услуги и стабилно навигациско небо. Сето ова допринело бројот на патници на скопскиот аеродром да се зголеми, а со тоа и бројот на туристи кои ја посетуваат земјата. Оние кои ги затекнавме на аеродромот задоволни од европскиот изглед на „Александар Велики“ и од услугите кои се нундат на патниците.

„Аеродромот е на европско ниво.“

„Гледам дека е добар и добри се услугите.“

„Како во Европа.“

Авиобизнисот бележи мини бум- вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој со министерот за економија Мезири беа во посета на аеродромот „Александар Велики“ и во делот за навигација. За една година од јули лани до август годинава низ скопскиот и охридскиот аеродром минале над еден милион 170 илјади патници.

„Една од иницијативите на Владата на Република Македонија за зголемување на бројот на дестинации исто така вродува со плод, од 2009 година кога имавме вкупно 15 поврзувања, директни летови кон други дестинации од скопскиот аеродром, денеска тој број е 27“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.

Добра навигација, значи сигурно небо. И во овој сегмент се бележат зголемени резултати.

„Во првите шест емсеци на 2014 година сме лидери во Европа, што значи има зголемување за 28,2% на прелетите во Македонија“, рече Беким Незири, министер за економија.

„За секоја странска инвестиција важно е да се има поддршка од Владата и уште од самиот почеток како ТАФ ги исполнуваме нашите ветувања бидејќи го отворивме аеродромот, го зголемивме бројот на патници, а тоа се должи на нашата маркетинг стратегија“, рече Алпер Тунга Ерсој, заменик генерален директор на ТАФ.

Александар велики две години по ред е најдобар аеродором во европа до 2 милиони патници. Очекувањата се дека до крајот на годинава милион патници ќе минат само низ овој аеродром.

Владиното субвенционираање на нискобуџетните авио компании, кое годинава изнесува 2,2 милиони евра допринесе да се зголеми бројот на странски туристи. Бројот на ноќевања само во јуни е зголемен за близу 9 проценти. Тогаш земјава ја посетиле 50.000 странски туристи.

Миле А. Ристевски