Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација
На официјалното претставување, Илиевски истакна дека ја прифаќа функцијата со јасна цел – напредок и стабилизација на националниот тим, нагласувајќи дека за тоа ќе биде потребна поддршка од клубовите и целата кошаркарска јавност.

Македонската кошаркарска федерација го именува Марјан Илиевски за нов селектор на сениорската репрезентација, на местото на Александар Јончевски. На официјалното претставување, Илиевски истакна дека ја прифаќа функцијата со јасна цел – напредок и стабилизација на националниот тим, нагласувајќи дека за тоа ќе биде потребна поддршка од клубовите и целата кошаркарска јавност.
Новиот селектор најави разговори со сите потенцијални репрезентативци пред да донесе конечни одлуки – дали ќе се оди на подмладување или ќе се формира тим со фокус на резултати. Првото официјално деби го очекува во август, во претквалификациите за Светското првенство 2026, каде Македонија ќе се соочи со Романија и Унгарија.
Договорот со Федерацијата е за четиригодишен циклус, во кој се очекува видлив напредок на меѓународната сцена. Во својата кариера, Илиевски има искуство како тренер во неколку клубови, меѓу кои Пелистер, Сигал Приштина, Блокотехна, Охрид, Лирија и Кожув.