Тенис
Победа за Ѓорческа на стартот од ИТФ турнирот во Загреб
18.06.2025 11:45
Мечот траеше речиси три часа, а Ѓорческа прикажа борбена игра...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на главниот дел од W75 ИТФ турнирот во Загреб, совладувајќи ја Ралука Георгина Шербан од Кипар со 2:1 во сетови (6:4, 3:6, 6:4).
Мечот траеше речиси три часа, а Ѓорческа прикажа борбена игра, особено во третиот сет, кој го затвори на свој сервис без да ѝ дозволи поен на противничката.
Ова е нејзина трета победа во низа, по двете триумфални средби во квалификациите. Во второто коло, Ѓорческа ќе се сретне со осмата носителка, Французинката Селена Јаничијевиќ, која се наоѓа на 228. место на ВТА листата.