Проширувањето на Унијата, во фокус на Данска како иден претседавач со ЕУ
Данска како иден претседавач со Европската унија ќе го стави проширувањето на Унијата приоритет во агендата. Македонија да го зграби моментот и да напредува во евроинтегративниот процес – од Скопје порача министерката за европски прашања Мари Бјере, на средба со нејзиниот колега Муртезани. Тој порача врз основа на реформи и постигнувања да се вреднува напредокот во евроинтеграцискиот процес…

Идниот претседавач со Европската унија Данска со порака до Македонија, искористете го моментумот за проширување за да напредувате на евроинтегративниот пат до крајот на годинава. При специјалната посета во Скопје, министерката за европски прашања на Данска најави дека приоритет на данското претседателство е проширувањето врз основа на сработеното и реформите.
Македонија очекува од Данска како претседавач да обезбеди проширување без билатерални барања.
Од македонска страна укажале на идниот претседавач со Унијата дека земјава ги исполнила сите критериуми за отворање на поглавјата од кластерот основи.
Ирина Гелевска
