Калас: Заканата од Русија е проблем за секоја европска земја
Киев потврди дека во вчерашниот напад во Киев загинале 21 лице, а над 130 луѓе се повредени. Заканата од Русија за трансатлантското единство и безбедност е проблем за секоја европска земја, и секој сојузник на НАТО мора да размислува за одбраната, вели шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас...

Киев потврди дека во вчерашниот напад во Киев загинале 21 лице, а над 130 луѓе се повредени.
Заканата од Русија за трансатлантското единство и безбедност е проблем за секоја европска земја, и секој сојузник на НАТО мора да размислува за одбраната, вели шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Во Стразбур, европратениците дебатираат за трошоците за одбрана и очекувањата за претстојниот самит на НАТО во Хаг.
Во меѓувреме, Северна Кореја и Русија договорија Пјонгјанг да испрати 6000 војници во регионот Курск за да помогнат во обновата по украинската инвазија.
Рускиот претседател Путин денеска во Санкт Петербург ќе одговара на прашања од западни новинари.
