Алфорум: Пораки за крај на воените конфликти
Додека делови од светот треперат под заканата на оружјето и уништувањата на војната, наспроти израелско-иранските напади, руско-украинската војна и други жаришта, од евромедитеранот тонови со утеха дека можеби ужасот ќе запре...

Додека делови од светот треперат под заканата на оружјето и уништувањата на војната, наспроти израелско-иранските напади, руско-украинската војна и други жаришта, од евромедитеранот тонови со утеха дека можеби ужасот ќе запре. Топли пораки доаѓаат од Алфорумот ’25-та кој се одржува во нашето соседство. 1.000 претставници од граѓански организации, млади лидери, влијателни личности претставници на влади и институции мислители и експерти од 43 земји сакаат да докажат дека можеме да се разбереме и без звукот на истрели и насилства. Па, велат- евромедитеранот во единство на своите различности.
„Од Јордан сум. Се приклучив на сесијата за да создадам врски и дијалог со луѓето од цел свет затоа што тоа е многу значајно за мирот и иднината“, вели Амани Мустафа, основач на „Млади колибри“.
„Разговараме за евромедитеранскиот регион со претставници на различни култури, но со исто човечко достоинство кое треба да си го почитуваме. И доколку не се согласуваме, треба да продолжиме да се разбираме без војни без агресии“, рече Корнелиус Хулсман, претседател на фондацијата „Анна Линдх“ од Холандија.
Се нудат партиципативни искуства и интеракции, преку инспиративни сесии како моќна платформа, поттикнувајќи дебати за значајни промени на двата брега на медитеранот.
Фиљана Кока