Македонија

Во Собранието денес седници на неколку комисии

19.06.2025 08:45

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања, труд и социјална политика, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија...

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања, труд и социјална политика, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се три Предлог-закони во второ читање и тоа измените на Законот за волонтерство, измените на Законот за младински додаток и Предлог-законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт.

Овие предлог законски решенија се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе имаат средба со студенти од Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот универзитет на Европа ФОН – Скопје