Во кочанската болница со ПРП терапија се третираат 10 лица повредени во пожарот во „Пулс“
Според Клековски, ова е голем чекор напред, бидејќи терапијата пациентите ќе може да ја примаат без да патуваат до Скопје. Интервенциите ги извршил тим од болницата „Свети Наум Охридски“ од Скопје.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија, односно плазма збогатена со тромбоцити се третирани 10 лица повредени во пожарот во кабарето „Пулс“.
Според Клековски, ова е голем чекор напред, бидејќи терапијата пациентите ќе може да ја примаат без да патуваат до Скопје. Интервенциите ги извршил тим од болницата „Свети Наум Охридски“ од Скопје.
Претходно, девет лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија во Скопје. ПРП терапијата е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.
