Путин: Подготвен сум да се сретнам со сите, вклучително и со Зеленски
Додека Русија продолжува со нападите низ Украина, Путин вели дека сака да ја заврши војната што е можно поскоро и да продолжи со преговори, не отфрлајќи ја можноста дури и да се сретне со Зеленски, но само ако Западот престане да ја притиска Украина да се бори...

Додека Русија продолжува со нападите низ Украина, Путин вели дека сака да ја заврши војната што е можно поскоро и да продолжи со преговори, не отфрлајќи ја можноста дури и да се сретне со Зеленски, но само ако Западот престане да ја притиска Украина да се бори.
Ја предупреди Германија да не испорачува „Таурус“ ракети на Киев, предупредувајќи дека тоа би можело да ја вовлече во директен воен конфликт со Русија. Тврди дека делегациите на Москва и Киев се во контакт и подготвени за нова рунда разговори по 22 јуни.
„Подготвен сум да се сретнам со сите, вклучително и со Зеленски. Но, прашањето е, кој ќе го потпише документот? Не ни е важно кој преговара, дури и ако тоа е сегашниот шеф на режимот. Но, само ако зборуваме за некаква последна фаза, за да не седиме таму и бесконечно да разговараме за нешто, туку да ставиме крај на тоа“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
Во истовреме, бројот на жртви во досега најсмртоносниот напад врз Киев се искачи на 28.
