Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко
Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него...

Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци, два предмети, „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта.
Судијата Јордан Јованов, на минатото рочиште информира дека со оглед на тоа дека се работи за четири предмети споени во еден, одбраната побарала дополнително време да спремаат завршни зборови.
На последното рочиште беше завршена доказната постапка, при што Мерко нагласи дека не сторил ништо противзаконски, туку само ги потпишувал актите подготвени од надлежните служби.
