Влада

Околу 50 училишта ќе добијат фотоволтаични системи со поддршка од европски грант

19.06.2025 10:25

Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант во износ од 1,1 милион евра со Банката за развој при Советот на Европа. Средствата ќе се инвестираат во поставување соларни панели на училишни објекти низ државата.

Во текот на летниот период, на околу 50 училишта низ Македонија ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи, со цел зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија.

Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант во износ од 1,1 милион евра со Банката за развој при Советот на Европа. Средствата ќе се инвестираат во поставување соларни панели на училишни објекти низ државата.

Од Владата информираат дека оваа инвестиција ќе донесе значителни заштеди во буџетот, а заштедените средства ќе можат да се пренасочат кон нови инфраструктурни проекти, набавка на учебници и дигитални ресурси за учениците.

„Преку ваквите проекти не само што ги намалуваме финансиските трошоци, туку и директно придонесуваме за почиста животна средина“, се наведува во соопштението.

Владата најавува дека и понатаму ќе продолжи со реформски зафати во образованието, со фокус на подобрување на условите за учење и унапредување на едукативниот систем.