Лишен од слобода скопјанец, возел 121 км на час на место каде дозволено 50
Вчера во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје...

Вчера во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„Безобѕирно управување со моторно возило“.
