Индонезија

Еруптираше вулканот Левотоби Лаки-Лаки во Индонезија, властите го кренаа највисокото ниво на тревога

19.06.2025 11:21

Два дена претходно имаше силна експлозија, која исфрли столбови од врела сива пепел до 10 километри височина...

Еруптираше вулканот Левотоби Лаки-Лаки, во јужниот дел на Индонезија. Два дена претходно имаше силна експлозија, која исфрли столбови од врела сива пепел до 10 километри височина.

Индонезиските власти веднаш ја активираа највисоката фаза на тревога и ја проширија забранетата зона околу кратерот, на осум километри. За среќа нема жртви, потврдени или штети. Ова не е прва катастрофа поврзана со вулканот.

Лани во ноември ерупцијата однесе девет животи и повреди десетици лица.