Штрајк на контролорите на летање на 10 јули ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници
Синдикатот на контролорите на летање најави дека на 10-ти јули ќе стапи во целосен штрајк и ќе го затвори воздушниот простор, доколку раководството на М-НАВ не ги исполни нивните итни барања...

Синдикатот на контролорите на летање најави дека на 10-ти јули ќе стапи во целосен штрајк и ќе го затвори воздушниот простор, доколку раководството на М-НАВ не ги исполни нивните итни барања. Велат, и покрај позитивниот став на Министерството за финансии за ангажирање инженери и метеоролози, раководството вработува партиски советници и лица со средно образование на споредни позиции.
Според контролорите, системот за управување со авиосообраќај е веќе децении стар. Последната опрема е набавена во 2001 година, а новиот систем, купен во 2014-та, сè уште не е ставен во употреба.
Дополнително, над македонскиот воздушен простор во последниот период има зголемување на прелетите за 30 проценти, главно поради воени тензиите меѓу Израел и Иран, што го доведува системот до можност за преоптоварување и ризик за безбедноста.
