Борбените средства и опрема на АРМ изложени пред граѓаните

16.08.2014 18:59

Несекојдневнта изложба на македонската армија го привлече вниманието и ја разбуди љубопитноста на граѓаните кои денеска дојдоа на воениот стадион во Скопје.

Оружје, воена опрема и техника, борбени и транспортни возила. Несекојдневнта изложба на македонската армија го привлече вниманието и ја разбуди љубопитноста на граѓаните кои денеска дојдоа на воениот стадион во Скопје.

„Прошлата година бевме, исто и оваа година ги донесовме внуците да ја видат борбената готовност на нашата армија.“

„Гледаме оружје тука, хеликоптери, опремата и воените возила.“

„Интересно, децата малку да разгледаат“, велат анктетираните посетители.


Посетителите имаа можност да се запознаат со припадниците на АРМ и одблиску да видат како се ракува со воената опрема и оружјето.

„Изнесени се и прикажани одредени борбени средства по одредени родови и служби. Прикажани се средствата од оклопно-механизирани единици, од специјалните единици, од логистиката“, рече Горанчо Котевски,  началник на Генералштабот на АРМ.

И покрај тоа што е постигнат голем напредок за овие 22 години наша обврска е и понатаму да ја зајакнуваме армијата, вели министерот за одбрана Зоран Јолевски.

„Да испраќаме наши војници и поинтензивно во рамки на мировните мисии на ОН, сето тоа бара доплнителна опрема за армијата и ние ќе продолжиме во таа насока уште помодерна да биде нашата армија“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.

Посетителите најмногу се интересираат за тенковите и транспорниот хеликоптер. Вниманието на возрасните, но и на најмладите го задржаа и армиските кучиња со нивните дресери. На тактички вежби откриваа експлозив и напаѓаа непријатели.

Изложбата на воена опрема и оружје е дел од активностите на АРМ за одбележување на 18 август, ден на Армијата на Република Македонија. Централната прослава ќе се одржи во понеделник во Охрид, со директен пренос на МРТ.

Сунчица Николоска